ОБСЕ

Мисијата на ОБСЕ во Скопје – Оделот за владеење на правото (RoLD ) во текот на изминатите неколку години ја поддржуваше Академијата за судии и јавни обвинители (понатаму Академијата) во насока на понатамошен развој на ефективни и одржливи механизми за владеење на правото во согласност со принципите на ОБСЕ и меѓународните обврски на земјата преку имплементација на проекти кои го зајакнуваат владеењето на правото, ја поттикнуваат независноста на правосудството и го зголемуваат професионалното ниво на правните експерти. Помеѓу најважните области се следните:

– Стратегијата на Владата (2007) за реформите во кривичното законодавство, заклучи дека кривичниот правен систем е во перманентна криза и постои општ недостаток на доверба во независноста на судството. Тоа ја поттикна земјата за поголема заложба во усвојување на нов Закон за кривична постапка во ноевмри 2010 година. Оттогаш Мисијата на ОБСЕ ја поддржува Академијата во развивање и спроведување обуки за практичарите на правото за новиот Закон за кривична постапка. Мисијата на ОБСЕ обезбеди поддршка и на работните групи задолжени за креирање на материјали за новиот ЗКП наменети за обуки за основно и напредно ниво; исто така даде значителна техничка поддршка на Академијата и за обуките наменети за едукаторите за новите адверзијални концепти на постапката, влучувајќи и една студиска посета во странство; а воедно обезбеди и специјалзирана литература за практичарите на новиот ЗКП со сите потребни алатки со цел да се разберат новите правни измени кои треба да настанат и т.н. Во 2011 и 2012 година следејќи го двегодишниот план за обуки на Академијата, Оделот за владеење на првото (RoLD) во соработка со Канцеларијата на Обвинителскиот оддел за странство, помош и поддршка (US/DOJ, OPDAT, поврзани со Амбасадата на САД во земјата домаќин), даде поддршка на Академијата во спроведување на 34 четиридневни обуки вклучувајќи повеќе од 880 практичари на правото (судии, јавни обвинители, адвокати, полициски службеници, судски соработници и кандидати за идни судии и јавни обвинители ). Процесните гаранции се суштински чекор кон ефикасно, ефективно и независно судство, за таа цел, Програмата ќе продолжи со испраќање на суштински придонес во смисла на проширување на идни обуки.

– Мисијата на ОБСЕ во Скопје соработуваше со Академијата на Проекти чија цел беше зајакнување на капацитетите на националните практичари на правото во спроведување на ефикасна борба против сите форми на сериозен криминал, посебно корпоративниот криминал. Во оваа насока, во 2010 година, Одделот за владеење на правото (RoLD), имплементираше Проект за „Конфискација на имот“ поддржувајќи ја изработката на правни материјали во форма на Прирачник и тренинг модули за судиите и јавните обвинители посветени на оваа тема. Проектот изработи и правни водичи, национални и меѓународни, за употребата на новите мерки: замрзнување, заплена и конфискација на имот. Овие активности беа тестирани преку обуките за обучувачи во Академијата, во 2011 година. Истот модел следеше во Проектот „Кривична одговорност на правните лица“, кој беше резултат на соработката помеѓу Мисијата на ОБСЕ и Академијата во 2011 година. Прирачникот и тренинг модулите за судиите и јавните обвинители беа реализрани, и со вклучување на меѓународни експерти. Во 2012 година со цел да се обезбеди нивна ефективната импелементацијата и трансферот до целните групи, оваа активност беше проследена со дводневна обука наменети за едукаторите кои се одржаа во 2012 година. Сите материјали беа доставени до Академијата како официјална институција одговорна за контиунираната обука чија цел е да обезбеди постојан и долгорочен трансфер на знаења на идните генерации практичари на правото.

– Уште еден сегмент кој го поддржува Мисијата на ОБСЕ е и поддршката на механизмите за анти-дискриминација чии напори се насочени кон целосна имплементација на Охридскиот Рамковен Договор. Одделот за владеење на правото (RoLD) во стратегиско партнерство со Академијата го имплементира проектот за заштита од дискриминација, криминалот од пристрасност и феноменот говорот на омраза. Во 2011 година, активностите беа фокусирани во насока јакнење на капацитеите на практичарите на правото во областа на не-дискриминацијата. Еден модул за едукација на правосудството за анти дискриминација како концепт беше тестиран подоцна низ обуки кои се спроведоа во Академиајта, каде во рамките на целната група беа вклучени и кандидатите од Академијата (идни судии и јавни обвинители). Активностите во 2012 година вклучија и издавање на Прирачник кој беше изготвен минатата година. Проширувањето на знаења беше постигнато преку обуката за едукатори (за правосудството) проследена со две обуки од областа на анти дискриминација. Овие напори се изградени во 2009 година во рамките на проектот на RoLD во кој беа развиени модулите за ОН Конвенцијата за елиминација на дискриминацијата против жените, и нејзиниот основен Протокол како и националната правна рамка во областа на еднаквоста на половите које е суштинска за справување со случаиите за дискриминација засновани на половата нееднаквост во согласност со меѓународните стандарди и домашната легислатива. Модулот беше изготвен за Академијата. Мисијата ОБСЕ поддржа обуки за 120 практичари на правото, вклучувајќи судии и јавни обвинители во рамките на овој модул. Во прилог, RoLD во неколку наврати, соработуваше со Академијата при организација на регионални и меѓународни конференции на кои се дискутираше за феноменологијата на говорот на омраза и криминалот од пристрасност. Анализите кои се развија во рамките на Проектот имплементиран во соработката помеѓу двете институции беа разгледани на две јавни дебати од кои произлегоа препораки за ефективно справување со криминалот од пристрасност и феномоенот говор на омраза.

– Во изминатите неколку години RoLD ја поддржува Академијата исто така во промоција на вредностите опфатени со Европската конвенција за човекови права (ECHR), како и во обновувањето на својата посветност кон почитување на заштитата на фундаменталните права и слободи на своите граѓање. Напорите резултираа и со издавање на две публикаци „Меѓународни документи за независно и ефикасно судството – Мислење (1-6) на Советодавниот совет на европските судии со референтни документи и судска пракса на ЕКЧП“ и публикацијата „Меѓународни документи за независно и ефикасно судството – Мислење (7-12) на Советодавниот совет на европските судии со референтни документи и судска пракса на ЕКЧП“. Публикациите беа дистриубирани до претставниците на правосудството во рамките на промоцијата на работата на Советодавниот совет на европските судии (CCJE) и клучите принципи кои ова тело ги посочи како есенцијални во јакнењето на независноста, непристрасноста и ефикасноста на судиите. Мисијата ОБСЕ во Скопје и во иднина ќе продолжи да ја поддржува Академијата во оваа област.

Во 2013 година, анти-дискриминациското портфолио на Мисијата на ОБСЕ во Скопје заедно со Академијата за судии и јавни обвинители се осврна на посебните потреби за понатамошно зајакнување на капацитетите на судството во областа на не-дискриминацијата. Се организираа обука за обучувачи и две последователни обуки. Дополнително, се изработија ресурси како што се: Публикацијата на релевантните пресуди во врска со дискриминација од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската унија, и Водич за улогата на Комисијата за заштита од дискриминација во судска постапка и преминување на товарот на докажување во случаи на дискриминација.

Во 2014 година, Мисијата ќе ja продолжи соработката со Академијата за судии и јавни обвинители во спроведување на активности поврзани со градење на капацитетите, организирање на стручни семинари со практичари и судство за анти-дискриминациското законодавство и судска пракса, и изработка на форми за процедурата пред Комисијата за заштита од дискриминација и судската процедура во случаи на дискриминација.

Мисијата на ОБСЕ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители во 2013 година за прв пат воведе систематски обуки за препознавање и процесирање на криминал на омраза. Образовниот модул беше базиран на модулот изработен од страна на ОДИХР кој со помош на национален експерт беше прилагоден на домашното материјално и процесно законодавство. Целиот едукативен материјал беше употребен при организирање на една Обука за обучувачи од каде судии и обвинители беа ангажирани како тренери за двете каскадни обуки. На обуките присуствуваа судии, обвинители, адвокати но и претставници на Полицијата кои придонесоа кон сеопфатно разгледување на криминалот од омраза.

Во 2014 година, Мисијата на ОБСЕ заедно со Академијата ќе продолжат да соработуваат во оваа област преку организирање на четири обуки за криминал од омраза за судии и обвинители од сите апелациони подрачја во државата. Исто така, ОБСЕ со Академијата ќе соработува и во организирање на две конференции, една за спроведување на законодавството за криминал од омраза а другата за насоки за регистрирање на случаите на криминал од омраза од националните органи.

Во 2013 година Мисијата ја поддржа Академијата во обезбедувањето на единаесет-дневна напредна обука за новиот Закон за кривична постапка за вкупно 224 судии, јавни обвинители, адвокати и полициски службеници. Дополнителни 90 судии на врховниот и апелационите судови како и јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија и вишите јавни обвинителства беа вклучени во работилници за измените во сферата на правни лекови согласно новата кривична постапка. Паралелно, Мисијата продолжи да ги обучува и обучувачите на новиот Закон за кривична постапка за суптилните елементи на странечката постапка за тие да ги пренесат своите знаења понатаму на своите колеги. Мисијата ја поддржа Академијата во публикување на третиот том “Меѓународни документи за независно и ефикасно судство – Мислења (13-16) на Советодавниот совет на европски судии при Советот на европа со референтни документи”, кои ќе бидат дистрибуирани до сите судии и обвинители во текот на 2014 година. Во 2014 година Мисијата ќе ја продолжи поддршката кон Академијата во обезбедување на напредна обука за практичатите за новиот Закон за кривична постапка.