EIPA

Академијата и Европскиот центар за судии и правници, Европски институт за јавна администрација (ЕИПА), Луксембург, во рамките на проектот за техничка помош на Луксембург за Република Македонија, „Правото на ЕУ за правосудството“, во текот на 2013 година реализираа вкупно 4 обуки посветени на правото на ЕУ со експерти на ЕИПА, што ги посетија вкупно 94 учесници. Обуките беа на следниве теми:

-Судска соработка во граѓанска материја (обука во соработка со Правосудната Академија на Хрватска);

-Заштита на животната средина во ЕУ;

-Судство и медиуми: Односи со медиумите за судовите, судиите и адвокатите;

-Квалитет на правдата.

Во текот на 2014 година предвидено е да се одржат 3 обуки на следниве теми:

-Пристапување и имплементација на правото на ЕУ (практични алатки за имплементација на политиките на ЕУ на национално ниво;

-Судски постапки во ЕУ (Алтернативно решавање на споровите);

-Судска соработка (Семејно право во ЕУ)

Од особено значење во рамките на соработката на Академијата со Европскиот центар за судии и правници, Европски институт за јавна администрација (ЕИПА), Луксембург, е тоа што како резултат на успешната соработка, Академијата веќе неколку години номинира учесници на семинари во рамките на Каталогот на активности на ЕИПА, отворен за учество на учесници од други држави.