Академијата за судии и јавни обвинители е институција со чие создавање, Република Македонија направи значаен чекор напред кон вградување во правосудство, на демократските принципи на владеење на правото и заштита на основните човекови права и слободи, вградени во бројните меѓународни документи за независно и ефикасно правосудство.
Нашата визија е преку почетната и континуираната обука да дадеме придонес во градење на европски профил на судиите и јавните обвинители, но и на судско обвинителската администрација, со користење на модерни методи за усовршување на нивните знаења, при што, во континуитет ги обезбедуваме сите потребни механизми и расположливи алатки со чија помош правото на Европската Унија и меѓународното право е лесно достапно за судии и јавните обвинители на Република Македонија.
Мисијата на Академијата за судии и јавни обвинители, се заснова на унапредување и обезбедување на независно, непристрасно, високо професионално и ефикасно правосудство кое ќе го афирмира принципот на владење на правото и заштита на човековите права. Нашата мисија е создавање на современ правосуден систем кој ќе се заснова на високите европски вредности, кој ќе биде целосно хармонизиран со европската легислатива, кој ќе ги инкорпорира меѓународните стандари се со цел да ја подигне довербата на граѓаните во правосудните институции и да обезбеди полесен и поефикасен пристап до правдата.