Француска Амбасада

Проект за подобрување на капацитетите на правосудството- Амбасада на Република Франција во Република Македонија

На 31 јануари 2012 година, во насока на продлабочување на успешно воспоставената соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓа Анета Арнаудовска и амбасадорот на Република Франција во Репбулика Македонија, Н.Е. Жан Клод Шлумберже потпишаа билатерален договор за тригодишна соработка во чии рамки е предвидена реализацијата на тригодишниот македонско-француски проект за подобрување на капацитетите на правосудството.

Со Проектот покрај низата активности за подобрување на правосудниот систем на Македонија, предвидена и активна соработка со Националната школа за магистрати (ЕНМ) за зајакнување на капацитетите на управното судство и за овозможување на студиски престој на млади судии во Европскиот суд за човекови права.

Исто така, предвидена е и обука која ќе се ориентира на заштита на човековите права и борбата против дискриминација, за што ќе се организираат обуки за судиите и јавните обвинители во рамките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во рамките на овој Проект, Академијата за судии и јавни обвинители во септември 2012 година започна со реализација на курс за изучување на францускиот јазик со посебен осврт на правната терминологија наменет за судиите и јавните обвинители на Република Македонија, како и за кандидатите од четирите генерации на Академијата за судии и јавни обвинители.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА СО ФРАНЦУСКА АМБАСАДА И АКТИВНОСТИТЕ ДО ДЕКЕМВРИ 2013 ГОДИНА ПО ПОТПИШУВАЊЕТО НА НОВИОТ ТРИГОДИШЕН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Размената на кандидати, едукатори, ментори и експерти од двете земји продолжи успешно се одвива од 2007 ма година, што беше повод во февруари 2012 година да се потпише нов тригодишен Меморандум за соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Амбасадата на Република Франција во Република Македонија. Целата на потпишувањето на овој Меморандум беше во насока на унапредување на понатамошната француско-македонска соработка во областа на обуката на судии и јавни обвинители, во следниве насоки:

Значајна придобивка од активностите во рамките на почетната обука е можноста за изучување на францускиот јазик. Академијата реализацијата на оваа активност ја започна во средината на септември 2012 година, пришто беа формирани три групи слушатели во почетно ниво и една група – напредно ниво. Часовите по француски јазик продолжија да се одржуваат и во 2013 година, а согласно проектираните активности, часовите по француски јазик ќе продолжат да се реализираат и во 2014 година.

Значајно е да се подвлече дека во 2013 година Академијата во согласност со обврските преземени од потпишаниот Меморандум организираше 9 официјални посети во чии рамки 15 експерти од Република Франција ја посетија Академијата и правосудните институции во државата и имаа можност да разменат компаративни искуства со националните практичари на правото, како и со претставниците на релевантите институции во однос на јакнење на правосудството во двете земји, а исто така во периодот од 9 до 13 декември 2013 како дел од студиската размена помеѓу двете правосудните академии, во официјална посета на Академијата и релевантните институции беа 3 кандидати од ЕНМ предводени од 1 ментор. Во истиот период 3 кандидати од почетната обука на Академијата предводени од еден ментор на Академијата, присуствуваа на Европската недела во Франција, каде го презентираа правосудниот систем на Република Македонија и улогата на Академијата за судии и јавни обвинители во креирање на независни, професинални, етични и високо морални профили на судии и јавни обвинители.