Завршна конференција на iPROCEEDS Евалуација на постигнатите резултати и идни активности 10-11 декември 2019 година Стразбур, Република Франција

На 9 и 10 декември 2019 година во Стразбур, Република Франција беше одржана завршна конференција на заедничкиот Проект на Европската Унија и  iPROCEEDS- Совет на Европа, кој започна во Јануари 2016 година и се реализираше во времетраење од 48 месеци.

Конференцијата се покажа како активна среба на која беше оценет напредокот во секоја од седумте области на проектот iPROCEEDS за изградба на капацитетите за борба против криминал преку интернет, но беа разгледани и резултатите, предизвиците и постигнатиот успех во изминатите 48 месеци. Конференцијата беше добра можност да се демонстрира употребата на Конвенциите на Будимпешта и Варшава во ИПА регионот, но и да се потврди улогата на iPROCEEDS Проектот во јакнењето на капацитете на надлежните органи за кривична правда, за ефикасен одговор кон компјутерскиот криминал, а воедно да се истражат, сузбијат и конфискуваат приходите од интернет криминал.

Корисниците на Проектот ја употребија конференцијата како платформа за размена на најдобрите практики и презентација на студии на случаи поврзани со сузбивање на виртуелната валута, симнување од нелегалните интернет платформи, меѓуинституционална и интернационална соработка за истрага на компјутерскиот криминал и неговите криминални постапки како и соработка на меѓународно ниво. Презентацијата опфати и поширок обсег на случаии поврзани со превенција и детектирање на онлајн измами и онлајн перење на пари, следејќи ги парите од компјутески криминал како и индикатори за компјутерски криминал за финансискиот сектор.

Со цел зајакнување на капацитетите на надлежните институции во идентификувањето, истражувањето, намалувањето и конфискувањето на имотната корист стекната по пат на компјутерески криминал,  како и превенција на перењето на пари на интернет, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и релевантните институции од нашата држава, во изминатиот период беа поддржани од iPROCEEDS и Советот на Европа, преку учество на наши претставници на голем број  настани, организирани од страна на проектот. Завршната конференција на проектот, претставуваше можност за Академиите да ги претстават бенефитите од соработката , како и потребите од проектот во иднина. Претставникот од Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ истакна дека покрај бенефитите за другите релевантни институции во нашата држава, соработката со iPROCEEDS и големата поддршка која и ја даваше на Академијата во изминатите години, како и можноста да ја прошири листата на национални тренери, е од непроценливо значење. Воедно, беше истакната важноста од организирање на поголем број на обуки од оваа област, за судиите, јавните обвинители и претставниците од сите релевантни институции. Од особена важност за Република Северна Македонија е соработката со iPROCEEDS да продолжи и во наредниот период, во насока на подигнување на  свеста и а со тоа и зајакнување на  националните одговори на предизвиците кои доаѓаат, како и во делот на организација на напредни обуки на обучувачи, како би се зајакнале капацитетите на националните тренери на Академијата во спроведување на обуки на оваа тема.

Исто така, низ своите различни активности, проектот придонесе за зголемување на бројот на финансиските истраги во однос на компјутерскиот криминал, како и да се добијат силни институции кои ќе можат да детектирааат,сузбијат и конфискуваат приходи од компјутерски криминал и перење пари во онлајн средина. Како и да е, паралелните финансиски истраги поврзани со случаи од областа на компјутерскиот криминал остануваат на ниско ниво и понатаму треба да се адресираат во рамки на нов заеднички проект на Европската унија и Советот на Европа iPROCEEDS 2  кој ќе започне на почетокот на 2020 година.

Деталите за конференцијата може да ги најдете на следниот линк:  https://www.coe.int/en/web/cybercrime/-/iproceeds-closing-conference

Материјалите кои беа изложени на конференцијата може да ги најдете на следниот линк: https://mycloud.coe.int/s/F3jfgfx8mGQmpQa