ОБУКА ЗА ТЕМИ ОД ОБЛАСТА НА МЕДИЈАЦИЈАТА

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ) организира обука за медијација, која ќе се одржи на 6 јули 2022 година (среда) во Ragusa360 Rooftop, Скопје.

Истата е наменета за судии и јавни обвинители од апелационо подрачје Битола и Штип.

Темите кои ќе бидат опфатени на оваа обука се однесуваат на медијацијата а согласно Законот за правда за децата, медијација во случаи на клевета и навреда, работни и осигурителни спорови.

Академијата ја реализира оваа обука во соработка со Комората на медијатори на РСМ и Институтот за европска политика (ЕПИ) а во рамки на проектот ,,Медијација без дилема’’, финансиран од од страна на Амбасадата на Кралството Холандија.

                За повеќе информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната e-mail: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk.

                Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.