Објавување на прелиминарна листа - 14.01.2021

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на VIII-ма генерација слушатели во почетна обука кои го полагавте квалификацискиот тест,

Ве известуваме дека во понеделникот (ден 11.01.2021 година), полагаа кандидатите кои беа во изолација поради коронавирусот (Covid 19). За таа цел, по завршувањето на полагањето на сите кандидати, ја објавуваме прелиминарната листа на сите кандидати кои го полагаа квалификацискиот тест.

Воедно, Ве известуваме дека против резултатите од квалификацискиот тест беа поднесени околу 170 приговори. Комисијата за приемен испит, денес ја одржа последната од вкупно четирите седница за разгледување на приговорите. Во следниот период ќе бидат изготвени и ќе Ви бидат доставени Решенијата од Комисијата за приемен испит, по што ќе почне да тече рокот за поднесување на жалба до Управниот одбор.

По конечноста на одлуките на Управниот одбор на Академијата, ќе се одржи полагањето на психолошкиот тест, за што дополнително ќе бидете известени преку нашата Веб-страница.

За таа цел, Ве замолуваме да не се водите по Временската динамика, која веќе се помести, туку редовно да ја следите нашата веб страница, каде што ќе ве известиме за секоја промена.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

Директор

Наташа Габер Дамјановска

Вид на обука
Категорија Tековен приемен испит за кандидатите за VIII генерација слушатели