Известување за полагање на тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2020/2022 година,

Ве известуваме дека тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ (англиски, француски или германски јазик) ќе се одржи на 28 и 29 ноември 2020 година (сабота и недела).

Ве замолуваме да ја следете нашата веб страна, бидејќи во овој дел - Известувања за Почетна обука навремено ќе бидете известени за термините, распоредот на групи и местото на полагање на тестот како и за сите останати новости поврзани со приемниот испит.

Ви посакуваме успех во полагањето.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

                        Директор,

Проф.д-р Наташа Габер Дамјановска

Вид на обука
Категорија Известувања