Известување за полагање на писмениот дел од испитот

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука кој се стекнавте со право да го полагате практичниот дел од испитот,

Ве известуваме дека е постапено по Заклучокот на Владата број 40-4929/ од 27.4.2021 година со кој Владата се обврза да спроведе интервентна набавка исклучиво за оваа последна фаза од приемниот испит преку која ќе се овозможи финализација на полагањето во најбрз можен рок.

Во исчекување на комплементирање на целокупната документација во врска со набавката, Ве известуваме дека интензивно се работи на подготовка за полагањето на практичниот дел од испитот и се очекува истиот да се полага кон крајот на неделата/викендот, за што следи дополнително известување. За таа цел редовно следете ја нашата веб страница.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска

Вид на обука
Категорија