Известување за кандидатите за прием во VIII-ма генерација слушатели на почетна обука

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во VIII-ма генерација слушатели на почетна обука за 2020/2022 година,

Ве известуваме дека денес, на првата конститутивна седница на новиот Управниот одбор беше разгледана Временската динамика за спроведување на приемниот испит за VIII-та генерација слушатели во почетна обука.  Истата можете да ја преземете тука.

Исто така, Ве известуваме дека утре (26.11.2020 година) ќе се одржи 5тата седница на Комисијата за приемен испит. По одржувањето на седницата ќе бидат објавени бројот на уредни и бројот на отфрлени/повлечени пријави, како и распоредот за полагање на тестот за полагање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ (англиски, германски и француски).

За таа цел Ве замолуваме да ја следите нашата страница.

Вид на обука
Категорија Известувања