Tркалезна маса во врска со управните спорови и човековите права (право на бегалците и практика)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и УНХЦР организира тркалезна маса во врска со управните спорови и човековите права (право на бегалците и практика).

Тркалезната маса ќе се одржи на 6 и 7 јуни 2022 година во хотел Лимак во Скопје.

 Главна тема на тркалезната маса ќе биде одлучување во полна јурисдикција во предметите за азил и одлучување по тужби во случај на ограничување на слободата на движење (притворање) на баратели на азил и владеење на правото, со осврт на европските стандарди. Исто така ќе има осврт на примена на судската пракса на Судот на правдата на Европската Унија. На настанот е предвидено учество на судии од Вишиот управен и Управниот суд во Република Северна Македонија

За повеќе информации во врска со тркалезната маса Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната e-mail: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk или на тел.02/2401-568.

Агендата можете да ја преземете тука