Ве известуваме дека Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 4 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018, и 96/2019) организира Специјализирана обука за новоизбрани судии поротници од апелационо подрачје Гостивар, која ќе се одржи на 01 и 02 јуни 2021 година на ЛМС веб платформата на Академијата, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе добијат потврда за завршена обука.
На обуката свои излагања ќе имаат г-а Лидија Таневска Јадровска, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија, г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје (во пензија), г-а Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје и г-а Лидија Мартинова, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија,
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
- Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
- Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
- Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
- Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
- Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Инструкции и линк за пристап до платформата ќе бидат дополнително испратени до сите пријавени учесници.
За дополнителни информации Ве молиме обратете се на следната e-mail адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572