Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) организира онлајн советување на тема „Водење на судската расправа во граѓанската постапка “ кое ќе се одржи на 7 декември 2020 година (понеделник) на платформата ЗООМ, со почеток во 10:30 часот.
Советувањето е наменето за судии кои работат на граѓанска материја од сите апелациони подрачја.
Целта на ова советување е пренесување на основни знаења, пред сè на „soft skillsˮ, за носители на правни професии во демократски општества.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Кети Германова, судија на Основен граѓански суд Скопје и г. Даниел Јунг, судија на Покраински суд и доцент на Високата стручна школа за примена на правото во Северна Рајна Вестфалија.
Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.