Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организира онлајн советување на тема ,,Меѓународна правна помош во кривична материја- Правна помош, Пренос на казнени постапки и Трансфер на осудени лица ’’ кое ќе се одржи онлајн на ЛМС платформата на Академијата на 28 мај 2021 година (петок).
Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користат во текот на обуката можете да ги преземете тука.
Задолжено лице за организација на советувањето е м-р Мамудије Ибраими Љусијани mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk