Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира советување на тема „ Ликвидација на трговските друштва “, кое ќе се одржи на 9 ноември (втормик) 2021 година, во Хотел ,,Мериот’’-Скопје.
Советувањето е наменета за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја како и за судии од Управен суд и Виш управен суд.
Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Марко Андонов, редовен професор и декан на факултетот за правни науки, Универзитет американ Колеџ Скопје, м-р Наташа Савовска-Димитровска, судија на Апелационен суд Скопје и
г-н Мате Стојановски, главен правен советник, Комисија за хартии од вредност на РСМ.
За повеќе информации Ве молиме да се обратите на следната е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.