Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Изготвување на завршна сметка за 2021 година кај единките корисници на судската власт“ кое ќе се одржи на 18 февруари 2022 година, преку ЗООМ платформата со почеток во 11:00 часот.
На советувањето свои излагања ќе имаат г-а Силвија Јаневска од Судски буџетски совет, г-а Мери Спасова од Основен суд Струмица и г-н Зоран Јовановски од Виш Управен суд.
За повеќе детали во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.
Агендата за согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Тука.