Почитувани заинтересирани кандидати за слушатели на VIII генерација
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, на 162-та седница, одржана на 22 септември 2020 година, донесе Одлука за објавување јавен оглас за прием на 97 кандидати за полагање на приемен испит во Академијата за почетна обука 2020-2022 година
Академијата согласно досегашната пракса ќе известува на својата Веб страна и ФБ профил за секој чекор од овој процес.
За таа цел Ве молиме редовно да ја следите нашата Веб страна и нашиот ФБ профил.
Во насока на почитување на мерките за заштита и превенција од ширење на вирусот Ковид 19, Академијата на Веб страната дополнително ќе извести за начинот на доставување на потребни документи, за што веќе претходно известивме на нашата Веб страна.
Со почит,
Академија за судии и јавни обвинители
Директор,
Проф.д-р Наташа Габер Дамјановска