Директорката на Јавното претпријатие Службен весник на РСМ, Татијана Лалчевска оствари средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска. Поводот за средбата е учеството на Јавното претпријатие Службен весник на РСМ на обуката на VII-та генерација слушатели на Академијата, и презентација на електронската база на прописите на севкупното законодавство во РСМ што ја организира и ажурира ова претпријатие.
Двете директорки дискутираа за условите и можностите околу подобрувањето на функционалноста на матичните институции како и за меѓусебното надополнување во интерес на што поквалитетно организирање и следење на националното законодавството на безбеден и подостапен начин.
Пред идните судии и јавни обвинители, како идни носители на правосудната власт, ЈП Службен весник на РСМ ја презентираше својата услуга, електронската база на прописите на севкупното законодавство како алатка за секојдневно безбедно и брзо пребарување на сите прописи, а во која со секоја измена, се изработуват и редакциски пречистени текстови на закони.
Работната средба остави можности за понатамошна соработка, во рамките на потребите и иновативностите кои, како што се договорија, заедно ќе ги следат и меѓусебно ќе се информираат. Во најава е и нов оглас на Академијата, кој треба да се објави во службеното гласило, со кој ќе се отворат нови можности за пополнување со нови кадри во правосудниот систем.
23.9.2020 год., ЈП Службен весник на
Скопје Република Северна Македонија
https://www.facebook.com/JpSluzbenVesnikNaRepublikaMakedonija