Денес (04 март 2021 година) во просториите на Академијата, во 12 часот директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска оствари работна средба со Н.Е. Emilio Lorenzo Serra, амбасадор на Шпанија во Северна Македонија.
Работна средба е резултат на взаемната иницијатива за продлабочување на соработката помеѓу Академијата и Амбасадата на Шпанија во Северна Македонија во областа на правосудството, како и воспоставување потесна соработка со Правосудната школа на Шпанија и Центарот за правни студии на Шпанија.
Директорот на Академијата на работната средба ја истакна клучната улога на Академијата во спроведување на реформскиот процес во правосудството при што детално го запозна амбасадорот на Шпанија со активностите кои Академијата ги спроведува како на меѓународен план така и на домашен план.
Академијата партиципира во реализација на низа значајни проекти со голем број на странски партнери и амбасади па согласно тоа и на реализација на заеднички активности кои ќе бидат од интерес на Академијата и Амбасадата на Шпанија во Северна Македонија ќе бидат дополнителен придонес во создавањето на поефикасен правосуден систем во земјата.
Амбасадорот на Шпанија ја потврди заложбата на Амбасадата на Шпанија активно да ги поддржува сите процеси во земјата кои се во насока на нејзината интеграција во европското семејство, вклучително на тоа и реформските процеси во правосудството.
На работниот состанок беа разгледани низа можности за идна соработка во рамките на континураната, но и на почетната обука на Академија кои би се реализирале преку организирање на заеднички настани на актуелни правни теми, размена на кандидати од почетната обука, студиски посети и размена на правни експерти, правни професионалци, судии и јавни обвинители.
Директорот на Академијата, проф. Габер Дамјановска и Н.Е. Emilio Lorenzo Serra се согласија дека двете земји во областа на правосудството можат да соработуваат по повеќе основи и сите отворени можности кои произлегоа од денешната средба ќе бидат земени предвид со цел нивно преточување во успешна реализација.