Работен состанок на директорката на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска со претставници на Германското здружение за меѓународна правна соработка (ГИЗ) и Холандската организација CILC

На 03 март 2022 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, директорката на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска одржа работен состанок со преставници на Германското здружение за меѓународна правна соработката (ГИЗ), и холандската организација CILC.

Академијата и ГИЗ се долгогодишни партнери кои заеднички реализирале низа едукативни активности насочени кон унапредувањето и развојот на вештините на судиите и јавните обвинители на Северна Македонија.

На работниот состанок се разговараше за можностите за реализација на заеднички активности кои се опфатени во рамките на Проектот ИПА 2019 „Спречување на сериозен криминал во Западен балкан“, кој го спроведуваат ГИЗ, CILC и Министерството за надворешни работи на Република Италија. Главната цел на проектот е да се зајакне прекуграничната соработка за борба против сериозниот и организиран криминал на државите од Западен Балкан во соработка со институциите и мрежите на ЕУ.

Директорката на Академијата, ја потврди континуираната заложба на Академијата за постојано усовршување и унапредување на правосудниот систем на Северна Македонија, и истакна дека Академијата секогаш е подготвена за соработка на активности од кои бенифит нема да имаат само судиите и јавните обвинители од нашата држава туку и пошироко. Меѓународната соработка е исклучително важна кога станува збор за доследна и ефикасна имплементација на европската легислатива во националните законодавства, како и презентирање на решенија за важни правни прашања кои се од заеднички интерес за државите од Регионот, но и за земјите-членки на ЕУ.

Претставниците на проектот ГИЗ  изразија задоволство од досегашните резултати во однос на реализацијата на активностите во повеќе проектни активности кои ги спроведувал ГИЗ во изминатата деценија во Северна Македонија, пришто Академијата секогаш била еден од клучните партнери. Истовремено, изразија надеж дека и овој Проект ќе биде заокружен со голем успех и ќе го даде очекуваниот придонес во унапредувањето на правосудството, посебно во областа на кривичното право и борбата против сериозниот криминал во Западен балкан.

Reinforced cooperation for fighting organised crime, countering terrorism ism, border security and migration management is a high priority in the enlargement perspective for EU engagement with the Western Balkans.