На 24 ноември 2021 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска и директорот на правосудната Академија на Република Турција, Мухитин Оздемир, потпишаа меморандум за соработка.
На потпишувањето на меморандумот присуствуваше и тричлена делегација од правосудната академија на Република Турција, кои на 26 ноември 2021 година беа дел од Регионалната конференција која Академијата ја организираше по повод одбележувањето на 15 години од своето постоење, на се сретнаа со претставниците на институтциите за правосудна обука од Регионот и Европа кои исто така учествуваа на оваа коференција.
Станува збор за традиоцнална соработка која започна уште во далечната 2011 година и која до денес во континуитет се зајакнува и продлабочува.
Со новиот меморандум за соработка се потврдуваат заложбите на двете институции за унапредувањето на ефикасноста на правосудните систем во двете земји преку спроведување на обуки за судиите и јавните обвинители, размена на искуства и реализација на студиски посети кои во минатото се покажаа како успешни концепти за зајакнување на капацитетите на двете академии.
Првите луѓе на двете академии изразија задоволство од досегашната успешна реализација на низата заеднички активности, а со потпишувањето на новиот меморандум очекуваат дека во иднина ќе следат уште повеќе едукативни настани во насока на усовршување и надградување на знаењата на судиите и јавните обвинители преку програмите за континуирана обука, но и за слушателите кои се дел од програмата за почетната обука.