Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема: „Злоупотреба на службената положба и коруптивноста при јавните набавки“, кое ќе се одржи на 04 мај 2022 година (среда), преку ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.
Предавач на советувањето ќе биде г-н Александар Бужаровски, раководител на внатрешна ревизија во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија
За повеќе информации поврзани со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за организација од Академијата на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:Агенда-04 мај 2022 година-преземи
Работните материјали за советувањето, можете да ги превземете на следниот линк: