Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Вршење на достава“, кое ќе се одржи на 12 март 2021 година (петок) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот. Советувањето е наменето за доставувачи од сите апелациони подрачја.
Предавач на советувањето ќе биде г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.
За дополнителни информации Ве молиме обратете се на следниот мејл:
Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 075/437-054