Oнлајн советување на тема: „Утврдување на работни цели и спроведување на постапка за оценување на судските службеници“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн советување на тема: „Утврдување на работни цели и спроведување на постапка за оценување на судските службеници“, кое ќе се одржи на 28 февруари 2022 година (понеделник) на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

            Советувањето е наменето за судските администратори и судските службеници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева од Основен суд Велес и г-а Лидија Таневска Јадровска од Врховен суд на Р. Северна Македонија.

            За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

            Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда-28.02.2022 година

Работните материјали кои ќе се користат на обуката можете да ги преземете на следниоте линкови:

Лидија Таневска Јадровска-Оcenuvanje na sudski sluzbenici

Сузана Варналиева – ОЦЕНУВАЊЕ