Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира онлајн советување на тема „Утврдување на ништовност на акти на трговското друштво“. Советувањето е наменето за судии од и стручни соработници од трговски и граѓански оддели од сите апелациони подрачја. Предвидено е да се одржи на 15 април (четврток) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.
Предавачи на советувањето ќе бидат проф. д-р Марко Андонов, професор на Американ Колеџ Скопје и г-ѓа Билјана Јачева, судија на Основен суд Велес.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.
– Ништовност и побивање на одлуки – Јачева
– Ништовност и побивање на одлуки на собрание на Акционерските друштва – Андонов
За повеќе информации поврзани со советувањето Ве молиме обратете се на следната е-маил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.