Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, согласно меморандумот за соработка помеѓу Академијата, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ ) преку Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), организираат online советување на тема: „Трговија со луѓе“, што ќе се одржи на 30 ноември 2020 година (понеделник).
Советувањето е наменето за јавни обвинители и судии кои работат кривична материја, од сите апелациони подрачја.
Линкот за пристап на платформата преку која може да се следи обуката можете да го преземете тука.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк