Академијата за судии и јавни обвинители согласно Каталогот за континуирана едукација организира советување на тема: „Семејни-имотни спорови помеѓу поранешни брачни партнери“ кое ќе се одржи на 23 јуни 2022 година преку ЗООМ платформата.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.
Советувањето ќе го спроведат г-а Лидија Мартинова, судија на Врховен суд на РСМ и проф. д-р Милица Шутова, вонреден професор на Правен Факултет при Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е- маил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: