Онлајн советување на тема „Примена на Законот за заштита од вознемирување на работно место –мобинг и Законот за спречување и заштита од дискриминација“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема „Примена на Законот за заштита од вознемирување на работно место –мобинг и Законот за спречување и заштита од дискриминација“, кое ќе се одржи на 6  јули (среда) 2022 година, преку ЗООМ Платформата.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето  ќе бидат, г-а  Лилјана Ситниковска, судија на Основен суд Кавадарци  и  г. Тодор Поп Панев судија на Основен суд Свети Николе.

За повеќе информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 Материјалите за советувањето можете да ги подигнете тука: