ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Посебни ограничувања на правото на сопственост – видови на тужби“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев’’ ја следи ситуацијата во врска со препораките и мерките за заштита, спречување на внесување и ширење на вирусот КОВИД-19 и постојано се грижи да им овозможи на судиите и јавните обвинители да ја исполнат Законската обврска за  потребните денови на обука.

Во таа насока, Ве известуваме дека Академијата организира онлајн советување на тема: „Посебни ограничувања на правото на сопственост – видови на тужби”, кое ќе се одржи на  4 декември  2020 година (петок) на ЛМС веб платформата на Академијата, со почеток во 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

Предавач на советувањето ќе биде г-а Катерина Георгиевска, судија на Апелационен суд Скопје.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк.

Работните материјали за советувањето, можете да ги превземете тука.

Конкретни информации, за следење на online советувањето, пријавените учесници  ќе добијат  на нивните маил адреси.