ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Јавни набавки – (подготовка на тендерска документација и технички спецификации на предметот на набавката)“

                Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Јавни набавки – (подготовка на тендерска документација и технички спецификации на предметот на набавката), кое ќе се одржи на 25 март 2021 година (четврток) на ЛМС  веб платформата на Академијата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судските и јавнообвинителските службеници кои се задолжени за спроведување на постапка за јавни набавки.

Предавачи на советувањето ќе бидат двајца претставници од Бирото за јавни набавки г-а Габриела Папеш, помошник раководител на Сектор за нормативна  дејност, обуки и меѓународни однос и г-а Александра Петревска, раководител на одделение за анализа на системот за јавни набавки.

                Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да преземете тука.

                Работните материјали кои ќе се користат во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.

                Инструкции и линк за пристап до платформата ќе бидат дополнително испратени до сите пријавени учесници.

                За дополнителни информации Ве молиме обратете се на следната e-mail адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.