Онлајн работилница на тема: „Правен третман на доверителите во стечајна постапка“ 19 април 2021 година

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Комората на стечајни управници и Меѓународната финансиска корпорација, групација на Светска банка, а во рамки на проектот ,,Решавање на долговите и деловен излез’’ организира онлајн работилница на тема: „Правен третман на доверителите во стечајна постапка“, која ќе се одржи на 19 април 2021 година (понеделник), со почеток од 10:00 часот.

 На настанот е предвидено учество на судии од трговските оддели кои во своето работење имаат допирни точки со стечајна материја.

Предавачи на работилницата ќе бидат г-а Наташа Савовска Димитровска, судија во Апелационен суд Скопје и г-а Билјана Јачева, судија во Основен суд Велес.

Линкот за учество на онлајн работилницата, заедно со детали за регистрација и вклучување на платформата преку која ќе се одвива настанот ќе бидат испратени до пријавените учесници.

 Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк.