Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на Програмата ОПДАТ при Амбасада на САД во Скопје организираат онлајн работилница на тема: Етика која ќе се одржи на платформата ЗООМ на 5 мај 2021 година (среда), со почеток од 14:00 до 16:00 часот.
Работилницата е наменета за судии и јавни обвинители и слушатели на почетната обука во Академијата.
Со поздравно обраќање настанот ќе го отвори Н.Е. Кејт Мари Брнз, Амбасадор на САД во Скопје и проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел ШАтев.
Програмата согласно која ќе се одвива работилницата можете да ја преземете тука
За учество на настанот е потребно да пристапите на следниот линк:
https://statedept.zoomgov.com/j/1603010017?pwd=ajJac0tGQklXek1vZ0REcDQ5OXVjdz09
Meeting ID: 160 301 0017
Passcode: 150195