Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн обука за новоизбрани судии – модул управно право, наменета за новоизбраните судии од Вишиот управен суд и Управниот суд. Предвидено е да се одржи од 17 до 21 мај (понеделник – петок) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.
Предавачи на обуката ќе бидат г-ѓа Исмета Амет, претседател на Виш управен суд, г-ѓа Загорка Тноковска, судија на Виш управен суд, м-р Дитурије Елези-Незири, судија на Управен суд, м-р Анета Џигерова, судија на Управен суд,
проф. д-р Ана Павловска-Данева, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје и г. Тихомир Николовски, УНХЦР.
Програмата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.
Инструкции и линк за пристап до платформата ќе бидат испратени до сите пријавени учесници.
За дополнителни информации може да се обратите се на тел. 02/2401-565 или на е-маил адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk