ОНЛАЈН ОБУКА ЗА НОВОИЗБРАНИ СУДИИ – МОДУЛ ГРАЃАНСКО ПРАВО

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн обука за новоизбрани судии – модул граѓанско право, наменета за новоизбраните судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја. Предвидено е да се одржи од 17 до 21 мај (понеделник – петок) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.

 

Предавачи на обуката ќе бидат г-ѓа Лидија Мартинова, судија на Врховен суд на РСМ, г-ѓа Вера Коцо, судија во пензија, Врховен суд на РСМ, г-ѓа Лидија Тасева, судија во пензија, Врховен суд на РСМ, м-р Катерина Георгиевска, судија на Апелационен суд Скопје, г-ѓа Зора Треневска, судија во пензија, Апелационен суд Скопје, г-ѓа Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје, г-ѓа Хилда Мешкова, судија на Основен граѓански суд Скопје, м-р Александар Шопов, судија на Основен суд Велес и м-р Лазар Сандев, адвокат.

Програмата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Инструкции и линк за пристап до платформата ќе бидат испратени до сите пријавени учесници.

 

За дополнителни информации може да се обратите се на тел. 02/2401-565 или на е-маил адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk