ОНЛАЈН ОБУКА ЗА НОВОИЗБРАНИ СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ МОДУЛ КАЗНЕНО ПРАВО

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн обука за новоизбрани судии и јавни обвинители – модул казнено право, наменета за новоизбраните судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја. Предвидено е да се одржи од 17 до 21 мај (понеделник – петок) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.

 

Предавачи на обуката ќе бидат г-ѓа Лидија Зимбовска, судија на Апелационен суд Скопје, м-р Ненад Савески, судија на Основен кривичен суд Скопје, м-р Габриела Гајдова, судија на Основен суд Велес, м-р Бетим Јахја, судија на Основен суд Тетово, д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип, г. Ристо Бојаџиски, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Штип, г. Миле Костадинов, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Кочани, г-ѓа Спасенка Андонова, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје и проф. Верица Попоска,  Институт за судска медицина  и криминалистика.

Програмата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Инструкции и линк за пристап до платформата ќе бидат испратени до сите пријавени учесници.

 

За дополнителни информации може да се обратите се на тел. 02/2401-565 или на е-маил адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk