Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Европскиот институт за јавна администрација ЕИПА, организира дводневна обука на тема: „Дигитална кривична правда“ која ќе се одржи на 7 и 8 јуни 2021 година (понеделник-вторник) преку ЗООМ платформата.
Обуката е наменета за судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, како и за адвокати, медијатори и претставници од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Агендата согласно која ќе се одвива настанот, како и работните материјали кои ќе се користат за време на обуката на македонски и англиски јазик можете да ги преземете на следниот линк: https://elearning.jpacademy.gov.mk/mod/folder/view.php?id=5929
За повеќе детали поврзани со начинот на пријавување на обуката Ве молиме обратете се на следната е маил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на телефон 02/2401-569.