„Онлајн Јавна расправа за Нацрт Законот за стечај“ 2 декември 2020 година

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Меѓународната финансиска корпорација, групација на Светска банка а во рамки на проектот ,,Проект за решавање на долговите и деловен излез’’ организира Јавна расправа за Нацрт Законот за стечај, која ќе се одржи онлајн на 2 декември 2020 година (среда), со почеток во 11:00 часот.

На настанот е предвидено учество на судии од трговските оддели кои во своето работење имаат допирни точки со стечајна материја и стечајни управници.

Линкот за учество на јавната расправа, заедно со детали за регистрација и вклучување на платформата преку која ќе се одвива настанот ќе бидат дополнително испратени.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк.