Обуки на тема: ,,Спроведување на еколошка правда’’

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи со поддршка на Британската амбасада во Скопје, во рамки на проектот ,,Проект за добро управување со животна средина организираат две обуки на тема: ,,Спроведување на еколошка правда’’ кои ќе се одржат во следните термини:

 

  • 3 март 2022 година (четврток), хотел Солун, Скопје
  • 10 март 2022 година (четврток), хотел Арка, Скопје

Обуките ќе се реализираат со физичко присуство и организирани во согласност со протоколите за заштита од КОВИД 19. На истата може да присуствуваат лица, кои согласно важечките правила поседуваат сертификат за вакцинација и/или сертификат/потврда за прележан КОВИД во последните 45 дена.

Двете обуки се идентични и се наменети за судии, јавни обвинители и стручни соработници од судовите и јавните обвинителства од сите апелациони подрачја.

Во рамки на овој проект предвидени се активности во насока на подобрување на капацитетите на судиите и јавните обвинители во однос на заштитата на животната средина. За таа цел од страна на Проф. Др. Беса Арифи и Проф. Др. Марина Малиш Садзовска беше изработен курикулум за обука на судии и јавни обвинители на оваа тема, кои воедно ќе ја спроведат оваа обука.

 

За повеќе детали околу обуките Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk, или на тел.02/2401-568.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

 

Агенда- 03 март-2022 година. Преземи.

Агенда- 10 март-2022 година. Преземи.