Во рамки на Проектот „Медијација без дилема“ кој го спроведува Институтот за европска политика во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, Комората на медијатори на Северна Македонија и Холандската федерација на медијатори, денес (18 мај 2021 година) започна реализацијата на тридневната обуката за ресторативна правда и медијација наменета за слушателите на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители.
Имено, главната цел на проектот е да придносе кон зголемување на стапката на користење на медијацијата како алетернативен начин на решавање на споровите, преку обезбедување на истражување базирано на докази за користењето на медијацијата како алтернативен начин за решавање на спорови во Република Северна Македонија, зајакнување на капацитетите на медијаторите, судиите, обвинителите и Комората на медијатори и овзможување и промовирање на суштински дијалог и соработка помеѓу засегнатите страна од областа на медиајцијата. По завршувањето на обуката слушателите ќе добијат сертификат за учество.
Вовед во ресторативната правда за децата, меѓународните и европските хумани инструменти, праксата на Холандија во решавањето на вакви случаи ја презентираше д-р Анемиеке Волтуис, потпреседател на Еворпскиот форм за ресторативна правда.
Во наредните два дена свои излагања во однос на медијацијата во Република Северна Македонија и медијацијата согласно Законот за кривична постапка ќе имаат: проф. д-р Гордана Лажетиќ, редовен професор на правен факултет „Јустинијан први“ Скопје и проф. д-р Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци и професор на правниот факултет „Гоце Делчев“ во Штип.