Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ) и Комората на медијатори на Република Северна Македонија, во рамки на проектот „Медијација без дилема“ кој е финансиран од страна на Амбасадата на Кралството Холандија организираат обука на теми од областа на медијација.
Обуката ќе се реализира на 23 јуни 2022 година (четврток) во Јавна соба(Public room), Скопје, со почеток во 09:00 часот.
Обуката е наменета за судии и јавни обвинители од апелационо подрачје Гостивар и Скопје.
Темите кои ќе бидат опфатени на оваа обука се однесуваат на медијацијата а согласно Законот за правда за децата, медијација во случаи на клевета и навреда, работни и осигурителни спорови.
За дополнителни информации во врска со обуката Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната e-mail: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk или на тел.02/2401-568.
Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.