ОБУКА на тема: „Истрага и гонење на финансиски криминал “

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на регионалната програма ОПДАТ при Амбасадата на САД во Скопје, организираaт онлајн обука на тема: Истрага и гонење на финансиски криминал која ќе се одржи на  9-10 ноември 2020 година (понеделник-вторник), на платформата ZOOM.

Обуката се организира за јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Линкот за пристап на платформата преку која може да се следи обуката ќе биде достапен на денот на одржување на истата.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.