ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ ЗА МЕДИЈАЦИЈА 03-07 Мај 2022 година

Институтот за европска политика ЕПИ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, Комората на медијатори на Република Северна Македонија и Холандската федерација на медијатори, во рамки на проектот „Медијација без дилема“ кој е финансиран од страна на Амбасадата на Кралството Холандија, организираат обука на обучувачи за медијација која ќе се одржи во период од 03 до 05 мај 2022 година.

Настанот ќе се одржи на 3 мај 2022 година во хотел Панорамика Дизајн и Спа, Скопје и истиот е наменет за судии, јавни обвинители и медијатори.

Настанот се организира со цел да се промовираат и појаснат техниките на медијација кои се потребни за постигнување квалитет и професионализам во работата на медијаторите по искуство и експертиза од Кралството Холандија, а со цел доследна примена на новиот Закон за медијација.

За повеќе информации Ве молиме да ги контактирате лицата задолжени за организација од Академијата на следните емаил адреси: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk,  и Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk .

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.