Мисијата на ОБСЕ донираше книги на Академијата за судии и јавни обвинители

На 27 октомври 2021 година Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на соработката со Академијата донираше 264 публикации од правна област со кои се зголеми библиотечниот фонд на Академијата. Поточно станува збор за книги, анализи, прирачници и извештаи. Дел од овие публикации покрај на македонски јазик публикувани се и на англиски и албански јазик.

Имено, библиотеката на Академијата има голема улога во унапредувањето на знаењата на слушателите во почетната обука на Академијата, но и на сите судии и јавни обвинители од земјата. Академијата во континуитет прави напори да го зголеми библиотечниот фонд со квалитетни публикации кои ќе претставуваат извор за усвојување на нови вештини.

 

 

Библиотечниот фонд Академијата го зголемува по пат на самостојна набавка на книги но во најголем дел преку донациите кои пристигаат од нашите странски партнери и поддржувачи како што е Мисијата на ОБСЕ. Посебно е важно што со овие донации нудиме пристап до квалитетна странска правна литература која се покажува како многу корисна за корисниците на библиотеката на Академијата.