(мкд) Известување

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Почитувани кандидати, пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука кој се стекнавте со право да го полагате практичниот дел од испитот,

Во врска со последните случувања со фирмата ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ која беше задолжена за хостингот на електронските испити на Академијата, Ве известуваме дека Академијата за судии и јавни обвинители изминатите денови преземаше активни чекори во насока на изнaоѓање решение за можноста за полагање на последниот практичен дел од испитот во рамки на приемниот испит за VIII генерација слушатели на почетна обука.

Во таа насока, Академијата се обрати до Владата на РСМ, по што Владата на 67та седница одржана на ден 27.4.2021 по разгледување на Барањето на Академијата донесе Заклучок број 40-4929/ од 27.4.2021 година, во кој истата се обврзува да спроведе интервентна набавка исклучиво за оваа последна фаза од приемниот испит преку која ќе се овозможи финализација на полагањето во најбрз можен рок.

Веднаш по добивањето на информацијата околу можноста за полагање, Академијата ќе објави известување на веб страната, за што Ве молиме редовно да ја следите.

 

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

Павел Шатев

Директор

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска

Вид на обука
Категорија