Во рамки на билатералната соработка со Народна Репбулика Кина, обезбедена е можност за учество на претставници од Република Северна Македонија на академски образовни програми, кои се спроведуваат од страна на високо-образовни институции на НР Кина.
Со цел реализација на глобалната иницијатива за развој на претседателот Си Ѓинпинг, Министерство за трговија на Народна Република Кина обезбедува финансиска поддршка за неколку академски образовни програми за 2022 година.
Податоците во врска со процесот на упис, како и деталниот опис на програмите, методот на аплицирање, контакт лицата кои можат да се контактираат за соодветната програма, како и други релевантни информации може да се најдат на линкот: https://www.china-aibo.cn/en/info/1005/1283.htm .
Аплицирањето се спроведува електронски, согласно дадените информации за конкретната програма на претходно наведениот линк, но неопходно е претходно документите за аплицирање да бидат доставени и до Амбасада на НР Кина во Скопје на следната електронска адреса: mk@mofcom.gov.cn најдоцна до 10 мај 2022 година.
За сите дополнителни информации може да го контактирате Секретаријатот за европски прашања на следните контакти: Софче Крстиќ, тел. 070/409-525 и Семир Вели на тел. 077/947-005.