OPDAT

Во изминатиот период програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД во Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители реализираа широка лепеза на програми за јакнење на капацитетите на правните практичари во Република Македонија.

– Комплетирање на програмата НИТА (Национален институт за вештини на водење на постапката од САД) во Јануари 2012 година, каде што обучувачите за новиот Закон за кривична постапка успешно ја минаа оваа програма и се стакнаа со сертификати на НИТА инструктори за институтите како воведен говор, завршни зборови, директно и вкрстено испитување.

– Реализација на 4 базични обуки во 2011 и 9 базични обуки за новиот ЗКП во 2012 година.

– Во соработка со Македонското здружение на новинарите и Македонското здружение на јавните обвинители, ОПДАТ и Академијата реализираа две работилници за зајакнување на соработката меѓу новинарите и обвинителитие, првата во декември 2011 насловена „Сораборувајќи со медиумите“ , втората во јуни 2012 насловена „Да ги почитуваме црвените линии“ со гостин предавач Патриција Хартман, специјалист за односи со јавност при јавносот обвинителство во Пенсилванија, САД.

– Публикација на Збирка со референтни пресуди за членовите 3,5,6 и 8 од ЕКЧП на Европскиот суд за човекови права и презентација на книгата на конференција на 3 октомври 2012 година во Скопје. Книгата ќе биде дистрибуирана до сите јавни обвинителства и судии и останати релевантни институции. Книгата е резултат на тудиското патување реализирано во мај 2011 година од страна на Академијата и ОПДАТ.

– Програма за судии со судии магистрати од САД, од 2 до 8 октомври 2011 година. Во рамките на оваа програма во Македонија престојуваше судијата Хана Лак од Ричмонд, САД и се реализираа два семинари, на 3-4 октомври во Скопје, и 6-7 октомври во Охрид за улогата на судијата во акузаторната постапка, со акцент на претходната постапка.

– Во соработка со Здружението на јавни обвинители, ОПДАТ и Академијата реализираа програма со јавното обвинителство од Северна Каролина, САД за улогата на јавните обвинители во акузаторната постапка. Во рамките на оваа програма се реализираа три рабитилници во Битола, Скопје и Штип со јавниот обвинител Јил Роуз од Северна Каролина, САД.

– Од ноември 2010 па наваму, Академијата, ОПДАТ и Здружението на јавни обвинители реализираа пет округли маси на тема организиран криминал и алосторничо здружение.

– ОПДАТ и Академијата, во соработка со Здружението на јавни обвинители во јануари 2012 година ја презентираа прогрмата за борба против финансиски и компјутерски криминал со двајца јавни обвинители од Тексас, САД.

– Во Јуни, септември и октомври 2012 година ОПДАТ, Академијата и Здружението на јавните обвинители започнаа со реализација на програмата „Институтот за спогодување на вината како предизвик согласно новиот ЗКП“, на обвинители, но и судии и адвокати. На овие настани се обезбеди и регионални искуства од Србија и Бугарија, но и од САД, со учество на федералниот судија Луис Гирола од Мисисипи, САД.

Во тек се подготовки за следни настани за спогодување на вината, напредни обуки за ЗКП, техники на испитување, партнерство меѓу судиите на Македонија и САД, обуки во врска со одредени кривични дела од КЗ, итн.