TAIEX

Академијата континуирано ја одржува плодната соработка со инструментот TAIEX за техничка помош и размена на информации при Европската комисија на Европската унија во поглед на организирање обуки од областа на правото на ЕУ и меѓународното право. Во соработка со инструментот TAIEX и со негова финансиска поддршка беше одржана студиска посета во Националната правосудна школа во Шпанија, а беа одржани и 12 обуки на теми од областа на меѓународното право и ЕУ право:

– Трговија со луѓе и шверц со мигранти;

– Етика на судиите и јавните обвинители / Спречување конфликт на интереси;

– Регионална конференција за азил и миграција (во соработка со UNHCR);

– Борба против корупција / Корупција во постапките за јавни набавки;

– Конфискација на приноси од кривични дела / Улогата на органите надлежни за управување со конфискуван имот;

– Конфискација на имот – соочување со нови предизвици (во соработка со Министерство за правда);

– Економски и финансиски криминал – перење пари;

– Борба против тероризам;

– Tретман на класифицираните информации во истражната и судската постапка (во соработка со Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации);

– Меѓународно трговско право / Трговски спорови со меѓународен елемент;

– Малолетничка правда;

– Заштита на жртви и сведоци.

Во текот на 2014 година предвидено е одржување на 8 настани (6 работилници, 1 регионална конференција и 1 студиска посета) кои се веќе одобрени апликации од страна на Европската Комисија на ЕУ, и тоа:

-Работилници на тема:

„Mеѓународна соработка во граѓански и трговски спорови “

„Антидискриминација“

„Парнична постапка во ЕУ“

„Правда и судска медицина“

„Компаративни искуства на Правосудните Академии во земјите-членки на ЕУ“

„Меѓународна соработка во семејни спорови“

-Регионална конференција на тема: „Борба против корупција“

-Студиска посета во Република Ирска наменета за обучувачите за новиот Закон за кривична постапка;