Директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска се обрати на онлјан настанот на ХЕЛП Европа во рамки на Светскиот конгрес за правда за децата

На 17 ноември 2021 година во рамки на Светскиот конгрес за правда за децата Програмата ХЕЛП на Совет на Европа организираше бесплатен онлајн настан за правата на децата кој беше дел од Светскиот конгрес за правда на децата.

Имено, 2021 Светскиот конгрес е во организација на Глобалната иницијатива за правда за децата. Глобалната иницијатива ја предводи конзорциум на интернационални организации како што сe: Terres des hommes, Penal Reform International , International Association of Youth, Family Judges and Magistrates (AYFJM) и International Institute for the Rights of the Child (IDE).

Во Европа две големи организации Совет на Европа и ЕУ работат заедно со цел да осигураат дека концептот chilled friendly justice се применува доследно и е во согласност со законската регулатива. Овие две организации усвоија низа правни процедури, стандарди, инструменти и т.н. со цел да ги поддржат земјите членки во развојот и примената на концептот child friendly justice, како и во дефинирање на нивните стратегиите за првата на децата.

Регионалната сесија за Европа во рамки на Светскиот конгрес за правда за децата која се одржа денес (17 ноември 2021 година) претставуваше одлична можност за отсликување токму на тие европски стандарди и инструменти кои се однесуваат на сегашните прашања поврзани со правата на децата во Европа.

Онлајн настанот на ХЕЛП Европа е дел од Регионалната сесија за Европа и на истиот покрај директорот на Академијата се обратија и: г-а Ева Пастрана, Шеф за обука за правосудство и човекови права, Совет на Европа, г-а Катрин Уерпман, секретар на Управниот одбор за права на децата, Совет на Европа, г-а Валентина Боз, Координатор на проект, Совет на Европа и Мариа- Андриани Костопулу, претседател на Управниот одбор за права на децата, Совет на Европа.

Во своето денешно излагање директорот на Академијата се осврна на имплементацијата на ХЕЛП курсевите на национално ниво пришто ги сподели искуствата на Академијата за судии и јавни обвинители од реализацијата на ХЕЛП курсевите. Проф. д-р Габер Дамјановска ја истакната успешната соработка со Совет на Европа и ЕУ кои се дологодишни поддржувачи на работата на Академијата со кои се се реализирани голем број на проектни активности за јакнење на капацитетите на правосудниот систем на Северна Македонија. Во делот на правдата за децата, директорот на Академијата, посочи дека во рамки на континураната обука во изминатите 15 години, Академијата реализираше повеќе едукативни настани посветени на правата на децата од кои дел се во реализиација со странски партнери како што СоЕ, ЕУ, УНИЦЕФ, Амбасадата на САД и други. Истовремено, со содржината на програмата за почетната обука во континуитет се опфатени теми поврзани со правата на децата, а на слушателите им се овозможува и учество на обуките кои се во организација со странски експерти. Според проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, пристапот до правда за децата е тема на која сите земјите треба интензивно да работат, најмногу поради фактот што без разлика дали децата се жртви или се во судир со законот како сторители на кривични дела, се работи за сензитивен сегмент за кој е потребен поинаков пристап од страна на правосудните органи. Од тие причини концептот на child friendly justice потребно е доследно да се имплементира бидејќи токму овој концепт предлага пристап до правдата кој ги зема предвид потребите на децата и се адаптира на тие потреби со цел тие да ги остварат своите права. Потребно е да се подигне свеста на глобално ниво и национално ниво, потребен е мултидисциплинарен пристап, бидејќи на тој начин придонесот ќе биде поголем. Академијата за судии и јавни обвинители останува отворена за соработка со сите институции и организации со кои ќе може да соработува и да даде свој придонес во актуелизацијата на концептот child friendly justice и правда на децата.